Нашиот евровизиски  претставник, охриѓанецот Ѓоко Танески со својот шевролет патува по Европа и ужива во патувањето. Со него е и раперот Били Ѕвер и Ема Темелковска, неговиот ПР. Тимот од Скопје присригна во Белград, по што следеа: Будимпешта, Братислава, Прага, Берлин, Копенхаген и Малме.


Првото поголемо запирање беше во Прага, каде нашиот тим преноќи, а следниот ден Ѓоко & тимот се шетаа низ Прага и купија по некој сувенир


Патувањето продолжи  за Малме (Шведска), каде тимот два дена ќе престојува кај пријатели на Ѓоко. На 15-ти мај (сабота), попладне, тимот на Ѓоко ќе пристигне во Осло, каде ќе се најдат со останатите членови на нашата Евровисиска делегација, која патува со авион.


Поздрав од Малме, се читаме следните денови, а ние одиме да се напиеме едно скандинавско кафе – вели Ѓоко за МММ.
Ohridnews