Македонскиот претставник на Евросонг 2010, кој ќе се одржи во Осло – Норвешка, охриѓанецот Ѓоко Танески, ќе пее на македоснки јазик. Оваа дефинитицвна одлука е донесена во координација со МРТВ која е главен  организатор на настапот на македонскиот претставник на Евросонгот.

Танески деновиве е во Охрид каде размислува околу стратегијата за што поуспешно негово претставување на Евросонгот. Тој не е многу оптоварен со реакциите во медиумите околу изборот на песната што ќе ја преставува Македонија во Норвешка, посочувајќи дека реалната слика сепак ќе се види откако ќе се смират страстите.

– Чувстувам потреба и одговорност пред македонската јавност да нагласам дека на Националниот избор на песна за Евровизија  беше одбрана вистинската песна, што очекувам да биде потврдено со успех во Осло, рече Ѓоко Танески.

На Евросонгот Ѓоко Танески ќе настапи со песната „Јас ја имам силата“, која според најавите нема да претрпи драстични измени од оригиналот.

OhridNews