Поп пејачот Ѓоко Танески ќе биде промотор на отворениот спортски ден “Спорт за сите, сите за спорт“.
– Сакам да ја поздравам идејата и кампањата и драго ми е што јас ќе бидам промотор на спортот во Охрид. Искрено се надевам дека оваа манифестација ќе премине во традиција -рече на денешната пресс конференција Танески.
Танески на отворениот спортски ден ќе може да го сретнете на тениските игралишта, каде ќе земе активно учетво.