Танески со полициска придружба во 11 часот тргна на неколку илјади колометри долгиот пат до норвешката престолнина, на кој друштво ќе му прави екипата со која ќе настапи на Евросонгот. За време на неговото поминување низ Скопје беаа затворени главните булевари, а до излезот од градот друштво му правеа и велосипедисти.
На испраќањето присуствуваа колеги на Ѓоко Танески кои му посакаа добар пат и успех во Осло.
Инаку и оваа година настапот на македонскот претставник на Евросонг не минува без проблеми. Тимот на Танески во Осло заминува без добра организација и квалитетeн пропаганден материјал. Организаторот МРТВ, најави дека подготвува промотивно цеде кое ќе биде дистрибуирано на учесниците и делегациите во Осло.