Македонскиот претставник за интернационалниот фестивал, Евровизија, Ѓоко Танески денеска доби амајлија и статуа со ликот на Мајка Тереза од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Танески ги доби подароците од асоцијацијата по повод одбележувањето на јубилејот 30 години откако Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир во Осло, градот во кој ќе настапи македонскиот претставник на 25 мај.

„Јас сум премногу суеверен и носам амајлија која е осветена во Ерусалим„ објасни Танески а за својот пласман на Евровизија тој изјави дека би сакал да влезе во финалето и да биде меѓу првите пет пласирани.

„Има доста убави песни но од прво слушање не можам да кажам  кој може да биде победник бидејќи секогаш грешам“ изјави Ѓоко Танески за своите очекувања за претстојниот настап на Евровизија.

По врачувањето на наградата и амајлијата Танески напиша порака во книгата во спомен собата на Мајка Тереза.

OhridNews
Извор: “Макфакс”