Овогодинешен македонски преставник на „Евровизија 2010“, Ѓоко Танески, вчера беше на свечен прием кај градоначалникот Aлександар Петрески. Оваа средба следуваше по јавната честитката на градоначалникот и Општина Охрид за победата на Националниот избор за песна на евровизија, во Скопје.
Градоначалникот Петрески, во разговорот со Танески изрази големо задоволство затоа што како што рече, тој со неговиот настап во Осло, нема да ја промовира само Македонија туку ќе го афирмира и Охрид како негов роден град.
Ѓоко Танески, се заблагодари на градоначалникот Петрески за укажаната поддршка и доверба , како и за досегашната помош, што ја добивал од Локалната самоуправа, за организирање на концерти, гостувања или снимања.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com