Во првото евровизиско полуфинале ќе има 17 изведувачи, а нашиот Ѓоко ќе настапи како петнаесетти. Телевоунтингот ќе запоне со изведбата на првата песна и ќе трае 15 минути по завршувањето на последната нумера. Пласман во финале ќе обезбедат најдобрите 10 композиции.
Пробите на македонскиот евровизиски тим според инфомациите од Осло минале во најдобар ред, а добар впечаток кај делегациите оставила и Македонската вечер, на која Ѓоко ја отпеал „Јас ја имам силата“, како и неколку изворни македонски песни.
Првата полуфинална вечер во арената „Теленор“ во Осло започнува во 21 часот.