Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, на 6-ти март во Советот ќе има годишно обраќање.

Во своето експозе, градоначалникот ќе се осврне на  работењето во претходната година и на  реализацијата зацртаните проекти за развојот на општината. Како што е пракса при одржување на ваквите седници, Советот нема да води расправа по експозето на Градоначалникот.

Педесет и првата седница на Советот на која единствена точка на дневен ред ќе биде годишното обраќање на градоначалникот ќе започне  во 10 часот.

ohridnews