Статистиката до која дошле британците по едно сеопфатно истражување вели дека годишно купуваме околу 35 килограми облека. Просечната жена годишно купува гардероба која изнесува половина од нејзината телесна тежина, а секоја жена во просек има по 20 парчиња облека кои никогаш не ги облекла. Британските истражувачи кои ја правеле оваа голема анкета за навиките на потрошувачите велат дека биле запрепастени со количината облека која секоја година се фрла во ѓубре.


Секоја секунда во светот се продаваат по три пара фармерки, а општата оценка е дека се купува количински повеќе, но помалку квалитетни работи. Годишно на глобалниот пазар се произведуваат 80 милијарди нови прачиња облека, а таканаречениот феномен на брза мода се припишува на трговските ланци кои продаваат на телевизија како што е примерот со „топ шоп“.