Поради тоа што законскиот рок за поднесување на годишните сметки за 2014 година за самостојните вршители на дејност е 15-ти март 2015 година (недела), Централниот регистар ќе врши прием на годишните сметки и на 14-ти март во сабота од 8:30 до 16:30 часот. Воедно, бидејќи крајниот рок за поднесување на годишните сметки е во неработен ден, рокот за поднесување на истите се пренесува на 16-ти март 2015 година (понеделник).
Детални информации и упатства за поднесување на годишните сметки се објавени на веб-локацијата на Централниот регистар на Република Македонија www.crm.com.mk, во делот Информативни содржини.
OhridNews