На денешен ден во 1993 година, авионот од типот „јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид каде бил пренасочен поради лоши временски услови, на околу 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник.
Во несреќата загинале 116 патници и членови на екипажот, а преживеа само еден патник, кој подоцна им подлегна на повредите.
Како причина за несреќата покрај лошото време беше спомната и наводно лоша комуникација на посадата на авионот со аеродромските служби.
Претходно истата година, на 5 март, на полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица. Во аналите за несреќата, е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.
Поради двете авионски несреќи тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија Антони Пешев си поднесе оставка.
OhridNews