Утре, 20 јуни во 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Втората – годишна средба на роднокрајни автори.
На овој настан ќе бидат промовирани АЛМАНАХ со поетско – прозни творби од 41 роднокраен автор и ДВД издание РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ – АУДИО ЗАПИСИ 2024. Во ДВД – то се застапени шест автори: Мирко Томовски, Марина Икономова – Шокева, Марина Шикова – Димовска, Јордан Коцевски, Маја Мојсова и Сашо Димоски. Покрај аудио интервју со секој од нив ДВД – то содржи биографии од сите автори, избор од нивното творештво и фотографии, посочуваат.
Уредник и автор на проектите е м-р Милчо Јованоски – директор на Библиотеката. Проектите се дел од Годишната програма на Библиотеката за оваа 2024 година, финансирана од Министерството за култура.
Промотор на Алманахот ќе биде Мирко Томовски а на ДВД изданието Марина Шикова.
OhridNews