Студентите ќе ги претстават своите најнови креативни остварувања од областа на графичкиот дизајн, дизајнот на ентериер и модниот дизајн. По интензивната академска година, во која студентите веќе се презентираа на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот, Неделата на претприемништво, Модната недела во Скопје, Модната недела во Битола, Скопје Филм фестивал, Младинскиот пролетен салон и други настани, оваа изложба ќе ги сумира нивните дела од сите стручни предмети на студиите. Освен дела од додипломците, ќе бидат претставени и проекти на дипломираните студенти како и оние од постдипломските студии.