Во недела, 18 јуни, во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид, студиото за танц Соната, традиционално ќе го одржи својот годишен концерт насловен “Сите бои на танцот”.
Ќе настапат сите челенови на студиото, а преку овој несекојденвен мултимедијален настан “Соната” одбележува јубилејни 10 години од своето постоење.
Концертот почнува во 20 часот.
Влезниците во претпродажба може да се набават во Соната по цена од 100 денари, додека на врата ќе чинат 150 денари.
OhridNews