Во катедралната црква „Света Софија“ вечерва (20ч.) ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на учениците од Основното музичко училиште „Методи Патчев“ од Охрид.

На концертот ќе се претстават младите музички таленти од училиштето, како и првенците од сите класи на инструментите, пијано, виолина, гитара, флејта, хармоника, кларинет и виолончело.

Покрај наградените ученици од натпреварите во изминатата школска година на концертот ќе настапат и ученици кои бEа избрани на аудиција. Покрај нив на концертот ќе настапат и  училишниот хор и оркестар кои ќе се претстават со аријата „Риголето од Џузепе Верди и химната на училиштето „Јас Методи Патчев“.

OHRIDNEWS