Во катедралната црква „Света Софија“
синоќа се одржа традиционалниот годишен концерт на учениците
од Основното музичко училиште „Методи Патчев“ од Охрид. На
концертот  се претставија младите музички таленти од училиштето, како
и првенците од сите класи на инструментите, пијано, виолина, гитара,
флејта, хармоника, кларинет и виолончело. Покрај  младите музичари на концертот настапи и  училишниот хор и оркестар.


Аплауз и признанија за младите музички таленти од Охрид

фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ