Годишниот концерт на КУД Отекс насловен “Рака за рака, чекор по чекор”, ќе се одржи на 15-ти јуни, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 15:00 часот.
На овој концерт ќе настапат најмладите членови на ансамблот, средната група, како и и вториот состав кои што со голем ентузијазам и љубов ги изучуваа традиционалните фолклорни кореографии во изминатата школска година и ќе прикажат што се научиле од ризницата на македонскиот фолклор, информираат од КУД Отекс.
Цената на билетот е 200 денари.
Концертот е поддржан од Општина Охрид, Министерство за култура на Р. Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
OhridNews