Вчерашната кражба на икони во селото Луково е вкупно 17-та во струшко оваа година, велат од полицијата од каде  информираат дека кражбите во црквите во струшко бележат пораст во споредба со минатата година.

– Полицијата ги презема сите неопходни мерки но потребно е и  другите надлежни институции да  се вклучат поактивно во заштитата на културното наследство, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Тој потсети дека неодамна на иницијатива на полицијата се одржа средба со претставници на МПЦ, Заводот и Музеј, Управата за заштита за културното наследство и експерти на која биле договорени конкретни мерки. „За жал и покрај тоа кражбите во црквите во струшко продолжуваат“, додаде Димоски.

Во вчерашната кражба во црквата Св. Атанасиј во с. Луково беа украдени 21 икона.