Во годината што изминува забележано е 10 процентно зголемување на делата од општ криминалитет, додека кај останатите видови криминални активности забележано е намалување и тоа за 8 отсто на кривични дела од областа на стопанскиот криминал, 33% кај организираниот  криминал и 3% помалку случаи на недозволена трговија со дрога и оружје, информираше портпаролот Стефан Димоски. Вкупно во 2008 година на подрачјето на Општина Охрид се регистрирани 934 казнени дела, соопшти СВР Охрид.

Во 2008 година во Охрид регистрирани се 6194 прекршоци, што во споредба со 7300-те во 2007 е намалување за 6%.

На средбата со новинарите, денеска, портпаролот Димоски Димоски упати апел до возачите за време на новогодишните празници да се воздржат од управување со возилата доколку конзумираат алкохол се со цел славењето да мине во најдобар ред, а граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства за да не дојде до евентуални несакани последици.

Г.М.