Годинава што е на истек успешно ја посветивме на ранливата категорија граѓани, но и на сите оние на кои им беше потребна помош, велат од општинската организација на Црвениот крст Охрид.
Организацијата денеска организира предновогодишна средба со волонтерите и соработниците.
“Во 2008 година преку 400 семејства помогнавме со прехранбени продукти, облека и техничка помош. Го реализиравме проектот на ГТЗ за планински патеки, а секако сакам да го истакнам и ангажманот на спасителите на вода кои преку целото лето беа присутни на брегот на Охридското Езеро. Тука е големата активност и на тимовите за брза помош кои беа присутни на многу манифестации што се случија годинава во Охрид“, изјави претседателот Сашо Точков.
Идната година ќе биде исто така исполнета со задачи од кои поголемиот дел се веќе испланирани. Покрај традиционалните акции и кампањи, Црвениот крст ќе се посвети и на трговијата со луѓе како и на справувањето со СИДА-та.
Градоначалникот Александар Петрески заедно со оваа најгоема хуманитарна организација, утре во 13 часот во угостителскотоучилиште „Ванчо Питошески“ ќе организира свечен ручек за децата од здруженијата на слепи и глуви, како и децата со друг вид хендикеп. Во оваа пригода ним ќе им бидат доделени и новогодишни пакетчиња.
Викендов полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Охрид спроведоа превентивно – едукативна кампања ...
Цената на новоизградените станови и станбените објекти во градба долж крајбрежјето и во центарот на Охрид достигна рекордни 4000 евра за метар квадратен Во новоградбите во централното градско подра...
Утрово во Охрид се измерени 4 степени целзиусови Во текот на денот не очекува променливо облачно време со сончеви периоди Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.