За изградба и реконструкција на основните и средните училишта оваа година ќе бидат одвоени 40 отсто повеќе инвестиции од лани.
Од буџетот ќе оваа намена ќе бидат издвоени  240 милиони и 146 илјади денари.

Од вкупната сума, 169 илјади денари ќе бидат наменети за потребите на основните училишта, а околу 71 милион денари за објекти за средното образование.


 Покрај од Буџетот,средства ќе бидат обезбедени и од заем од Банката за развој при Советот на Европа кој ќе се реализира во следните четири до шест години и заедно со буџетските издвојувања ќе изнесува 90 милиони денари.

Изборот на училиштата во кои ќе се инвестира заради подобрување на просторните капацитети каде се одвива наставата е направен врз основа на базата на податоци на МОН за состојбите во сите училишта во државата.

„Најприоритетни ќе бидат училиштата кои немаат основни услови за работа, потоа со реконструкција на покриви и столарија ќе се придонесе за енергетска ефикасност на објектите, голем дел од печките на дрва ќе бидат заменети со централни системи за греење, а во последната фаза од проектот ќе се направат и напори за модернизација на училиштата со видео надзор, средување на дворните површини и друго“, велат од Министерството за образование.

OhridNews
извор: Makfaks