Статистиката на Државен Архив Охрид ПО Охрид покажува дека оваа 2023 година имало вкупно 1106 посетители додека минатата година вкупно 1031 посетители.

Сепак, остануваа најпосетена 2021 година година со вкупно 1276 посетители. Се надеваме наредната 2024 година со нови сили ќе се успее да се надмине посетеноста од минатите години, велат од Архивот.

Државниот Архив ПО Охрид врши своја статистика за да се согледа интересот на посетителите кои доаѓаат да го согледаат архивскиот материјал кој го поседувa, но и да бараат и сопствени документи кои ги чува самиот Архив. За секој оној кој има интерес за било какво истражување и потреба од документи институцијата му стои на располагање.

Архивот чува трајна документација која ја потврдува државноста, но и од приватен аспект огромен број на фондови кои имаат за цел да сведочат за минатото не само за охридското поднебје, туку и на целата држава. Како институција претставува значаен темел на нашата историја, култура, традиција и се она што го карактеризира националниот идентитет.

OhridNews