Општина Охрид ја прекинува долгогодишната традиција на доделување награда за најдобриот полицаец по повод 7ми Мај – Денот на полицијата.

Причина за ваквиот потег била економската криза, поради која општината неодамна изготви програма за намалување на трошоците на локалната самоуправа. Меѓу другото со неа се кратат и средствата за награда и прием по повод Денот на полицијата.

– Деновиве градоначалникот Александар Петрески е на службено патување, а заради штедење оваа година ќе се прескокне одбележувањето на денот на полицијата, ни изјави Никола Маневски, портпарол на Општина Охрид.

Инаку општината со години наназад организираше прием по повод денот на полицијата на кој на најдобриот охридски полицаец му беше доделувана награда телевизор.