Во првите пет месеци од 2009 година регистрирани се 41 напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, за што се поднесени кривични пријави против 66 сторители. Најголем дел од нападите се извршени на подрачјето на СВР Скопје – 13, потоа на подрачјето на СВР Битола – 10, по четири на подрачјето на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово, на подрачјето на СВР Велес – три, на подрачјето на СВР Струмица – два и на подрачјето на СВР Тетово – еден случај.

Нападите над полициските службеници најчесто се извршувани на отворен простор при воспоставување на јавен ред и мир, при што сторителите, во 35 случаи, употребиле физичка сила, во четири случаи тврди предмети и во два случаи – нападот го извршиле со закана дека ќе употребат огнено оружје, додека во еден случај е употребено огнено оружје при што еден полициски службеник беше потешко повреден, соопшти МВР.

Од вкупно пријавените 66 сторители на овој вид кривични дела, 60 сторители за прв пат се пријавени како извршители на кривично дело.Покрај ова, полициските службеници во овој период во 156 случаи употребиле средства за присилба. Притоа, само во еден случаи беше употребено огнено оружје како средство за присилба.

Средствата за присилба во најголем дел се употребени при спроведување на нарушен јавен ред и мир, а во сите случаи нивната употреба е оправдана, информираат од МВР.

Ohridnews