Жените се најчетата жртва при Семејното насилство во Охрид. Евиденцијата во Охридскиот центар за социјални работи говори дека од  35 пријавени случаи на семејно насилство, за ова година, дури  23 од малтретираните жртви биле жени. Во најголемиот број од случаите сопрузите ги малтретирале своите сопруги. Според статистиката, повеќе од половина од пријавените семејни насилства, завршуваат со прекршочни или кривични пријави. Во текот на ова година, охридската полиција поднела вкупно 24 кривични пријави против сторители на семејно насилство, кои нанеле телесна  повреда на жртвата.

-Нарушените семејни односи, љубомората и конзумирањето на алкохол се најчестите причини за појавата на насилство во семејството. Но, голема улога игра и економскиот фактор, односно финансиските проблеми во домот.-вели Емилија Размоска, Раководител на одделението за социјално исклучени лица при Центарот за Социјална работа во Охрид. Таа нагласува дека во последно време се повеќе се надминуваат предрасудите за страм од околината и жртвите на семејно насилство почесто пријавуваат дека се малтретирани.

Почестото пријавување на Семејното насилство се должи и на фактот што во последно време надлежните институции преку соодветни кампањи, се повеќе ги охрабруваат жртвите да го пријават насилството во семејството.

Во моментов е актуелна кампањата на Министерството за Труд и социјална политика насловена како Вистинскиот маж никогаш не удира жена. Во рамките на ова кампања се емитуваат рекламни спотови, се делат флаери со објаснување што е семејно насилство, а е отворен и бесплатен национален сос телефон 02/15-700 на кој што жртвите може да го пријават насилството.-објаснува Размоска.

Според Законот за семејство, Насилството во Бракот се смета однесување на член од семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална и сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член од семејството. Според кривичниот законик на Р.Македонија Семејното насилство се третира како кривично дело.

Светот на 26-ти ноември го одбележа Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените. Прв пат овој ден бил обележан 1999 година со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации.

Е.Е.