Сите професори од основните и средните училишта по Физичко образование и култура во „Григор Прличев“ со заеднички коктел ја заокружија 2014 година.


Професорите имаа година за паметење, а најголем белег остави Гимназијадата која се одржа во Охрид, а наликуваше на Олимпијада.


– Зад нас е повеќе од успешна година. Го преставувавме Охрид во сите спортови на регионално и државно ниво, а круна нашиот труд беше Гимназијадата која сите вечно ќе ја паметиме – рекоа професорите.


Тие ветуваат и најавуваат уште многу нови проекти во следната 2015 година кои ќе го заживеат охридскиот спорт.

Мх.П.