Минатата сезона е една од најсупешните во твојата кариера ?
– Па оваа сезона беше многу плодна за мене, почнувајки со државното првенство кое се одржа во Скопје каде го осоив првото место во тешка категорија, потоа триумфирав на меѓународното првенство во Битола во висока категорија каде бев и апсолутен победник. Круна на се` беше светското првенство во Копер, Словенија каде го освоив второто место во Фитнес Атлетик висока категорија.
Колку треба да се работи за да се постигнат овие резултати?
– Пред се потребна е голема пожртвуваност, потребни се серија откажувања од многу работи нормални за еден млад човек. Многу јасно е дека врвните резултати одат рака под рака со финансиски средства. Но кога ќе погледам назад оваа година беше мошне успешна за мене што преставува една голема сатисфкација .
Дали има инвсетиции и колку се инвестира во боди билдингот ?
– Заинтесираноста за инвестирање во боди билдингот е многу мала, сами се финансираме што дополнително ја отежнува ситуацијата. Поради ваквите причини натпреварувачкиот боди билдинг речи си` и да го нема.
Колкава е заинтересираноста за овај спорт, како рекреативно така и натпрварувачки?
– Рекреативно, заинтересираноста за овој спорт е голема, но гледајќи од натпреварувачки аспект овај спорт е многу скап и ретко кој успава да собере средства за да се појави на некое големо натпреварување.
Идни планови ?
– Идните планови во огромна мера зависат од финасиите. Во контакт сум со Агенцијата за млади и спорт и доколку успеам да најдам спонзор ќе продолжам понатаму , но ако евентуално не обезбедам средства ќе бидам приморан да паузирам една до две години.