манифестацијата „Година на есејот“ поетска Струга денеска ќе го
започне одбележувањето на 148-годишнината од излегувањето на Зборникот
на народни песни на
Браќата Миладиновци.
Во рамки на манифестацијата
што ќе трае до 20 јуни, ќе се одржи литературен портрет на современиот хрватски писател Горан
Калоѓера, кој е годинешен добитник на признанието „Академија на
Медитеранот“, кое се доделува за високи достигнувања и афирмација на
македонската и хрватската литература и култура. Калоѓера е автор на
стотина научни трудови кои се објавени во Македонија и Хрватска.
Предвидено
е одржување и на трибина на тема „Меморијата на езерото“, а учесниците
на манифестацијата ќе ги посетат народниот музеј „Никола Незлобински“
во Струга и вевчанските извори.