По повод одбележувањето на 148-годишнината од излегувањето на Зборникот на народни песни на Браќата Миладиновци, oд 18 до 20 јуни во Струга по трет пат ќе се одржи манифестацијата „Година на есејот“.

Во рамки на манифестацијата ќе се одржи литературен портрет на современиот хрватски писател Горан Калоѓера, кој е годинешен добитник на признанието „Академија на Медитеранот“, кое се доделува за високи достигнувања и афирмација на македонската и хрватската литература и култура. Калоѓера е автор на стотина научни трудови кои се објавени во Македонија и Хрватска.

Предвидено е одржување и на трибина на тема „Меморијата на езерото“, а учесниците на манифестацијата ќе ги посетат народниот музеј „Никола Незлобински“ во Струга и вевчанските извори.

Ohridnews