Големите очекувања на “делфините“, најави дека ќе се преставиме во најдобро светло на Европското првенство во Холандија паднаа во вода. Македонија во групата претрпе четири порази (Унгарија, Грција, Италија и Холандија“, а забележа една победа (Турција) доволно да се пласира на претпоследното место.
– Несфатливо е, две четвртини газиме потоа вртоглаво паѓаме. Не сум воопшто задоволен од играта на ова ЕП но нема време за “плачење“, не очекува мечот за разигрување со Романија – истакна селекторот на “делфините“ Игор Гочанин.
Македонија ќе разигрува за местата од 7 до 12, ако триумфираме над Романија потоа ни престојува натпревар со Хрватска, кој може да не одведе на летните олимписки игри во Едмонтон.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com