Екипата на Охрид претрпе пораз 2-0 од Лабуништа во првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија. „Рибарите“ и покрај поразот не разочараа и со отворен гард се судрија со далеку по искусниот ривал Лабуништа.
- Резултатот е реален а победата на Лабуништа е заслужена и им ја честитам. Ние одигравме две различни полувремиња. Во првиот дел иако примивме погодок добро одигравме тактички и не му дозволивме на противникот да креира шанси. Имавме некои грешки во транзиција, но тоа е составен дел од играта. На одмор на фудбалерите им реков да го задржат нивото на игра, но на стартот од вториот дел следеше гол на противникот по наша грешка кој го смени целиот тек на мечот. Убеден сум дека ако не го примивме тој втор гол ќе пружевме повеќе отпор и уште подобро ќе се претстававме во осминафиналето. Низ видео снимка ќе ги видиме нашите грешки, ќе го анализираме мечот и ќе се поправиме за средбата со Лабуништа која не очекува во Втората лига. – рече предводникот на Охрид, Гоце Толески.
В сабота со почеток во 15 часот, локалните ривали ќе имаат нова пресметка. Овој пат ќе се сретнат во Втората лига а домаќин ќе биде составот на Охрид.
OhridNews
КУП: Охрид поразен во Струга, Лабуништа пред историски успех