Охридскиот боди билдер Гоце Мојсоски финишираше во ТОП 5 на Гран при настанот кој се одржа вчера во шведскиот град Малме. Мојсоски беше дел од финалето. Тој се престави во најдобро светло, но очигледно тоа не беше доволно за место на пиедесталот.

  • Акумулирав големо искуство како и од сите настани каде што настапував. Разменав искуства со натпреварувачите, нивните придружници и многу други кои беа дел од настанот. Конкуренцијата беше голема, а јас успеав да влезам во финалето. Ситници одлучуваа за победникот. – изјави Мојсоски.

В сабота на 20 април, Мојсоски го очекува нов предизвик и обврска, бидејќи ќе ја брани титулата во Купот на Македонија во својата категорија.

OhridNews