Охридскиот боди билдер Гоце Мојсоски ја одбрани титулата во средна категорија до 80 килограми, откако триумфираше во Купот на Македонија кој се одржа во саботата во Спортската сала „Расадник“ во Скопје.

Мојсоски со искачувањето на првото место од пиедесталот ја потврди добрата форма и доминацијата во својата категорија. Претходно, охриѓанецот влезе во финалето на Гран при турнирот во шведскиот град Малме и заврши на петтата позиција.

  • За титулата и мојот нов успех најзаслужна е мојата фамилија. Моите најблиски ми даваат мотив и поддршката во исцрпувачките подготовки низ кои минувам. Оваа награда и ја посветувам на мојата сопруга Јасмина Голабовска која се грижи за нашата ќерка Ева која пак ми е најголем мотив и инспирација. Со титулата сакам да и го честитам роденден на сопругата и да и се заблагодарам за посветеноста околу мојата ќерка. Исто така голема благодарност упатувам до мојата мајка која се грижи околу оброците и се друго што ми е потребно додека се подготвувам. – изјави Мојсоски.

Тој им се заблагодари на Општина Охрид, ЈП Билјанини Извори, хотелите Сити Палас и Милениум и Тамаро Маркетите кои му помогнаа околу финансискиот дел во подготовките и за учествата на натпреварите.

OhridNews