Охриѓанецот Гоце Мојсоски ги заврши подготовките и максимално подготвен и со големи очекувања ќе отпатува во шведскиот град Малме, каде ќе се одржи натпревар од Гран при серијата во боди билдер. Финалните подготовки Мојсоски ги одработи под будното око на Зоран Колевски.
- Во Шведска патувам максимално подготвен, со голема самодоверба и големи очекувања. Искусен сум за неколку натпревари минатата година и знам што треба да направам за да дојдам до највисокото место на пиедесталот. Подготовките беа исцрпувачки, но љубовта моја кон овој спорт е многу голема. – изјави Мојсоски.
Натпреварот од Гран при серијата во Шведска ќе се одржи в сабота на 13 април, а следната сабота на 20 април во Скопје ќе се одвива Купот на Македонија.
Минатата 2018 година беше доста плодна за Мојсоски кој го осви третото место на Диамонд купот во Романија, финишираше на 11-то место на Арнолд класик кој се одржа во Барселона, а успеа да ја одбрани титулата на нациолано ниво.
OhridNews