Екипата на Гобекс со 6-2 го совлада Вис Пој и триумфираше на меморијалниот турнир во мал фудбал кој трета година по ред се организира во чест на Цветаноски Љупчо- Шенгелија и Башукоски Јордан – Пиперот.

“Портокаловите“ со маестралниот гол на Мишо Ѓоргиоски поведоа со 1-0, а возврати Ристе Лолески по што резултатот беше изедначен на полувремето.

Голеадата во вториот дел ја најави Абазоски Зуфер, кој погоди за предност на Гобекс, но Александар Колоски ја анулулираше предноста.

Од тогаш „белите“ постигнаа четири погодоци, а тие беа дело на Ристе Маркоски и Томче Речкоски што ги промовираше за нови шампиони.

Во малото финале екипата Ресторан Путник со 4-2 го совлада Кадмо и го освои утешното трето место.

Мх.П.