Градежниот работник Камерон Хоуп од протест го заѕидал влезот на една банка, која одбила да му даде заем, а добил поддршка и од локалните градежни работници. Го заѕидал влезот на банката кој бил висок 2,4 а широк 1,2 метри.
Банката се наоѓала во британскиот град Бурнемаут. Тој сметал дека со оглед на економската криза и тешката состојба од банката постапиле многу нефер спрема него. Ѕидот морал да го сруши откако стигнала полицијата и се заканила со апсење на протестантите. Хоуп меѓутоа се заколнал дека и понатаму ќе се бори против банката.