Судот во Велика Британија го осудил Ентони Паркер на казна затвор во траење од девет седмици бидејќи во пијана состојба, во момент на кавга со својата партнерка, го убил заедничкиот хрчак во микробранова печка. Животното бил целосно изгорено, а неговото тело било пронајдено сосема случајно во кантата за ѓубре од страна на еден полицаец.


Паркер во почетокот одбивал да ја признае вината, бранејќи се дека бил премногу пијан за да се сети на било што од таа ноќ. На крајот признал и рекол дека не сакал да го убие и дека тоа бил најдобриот домашен миленик кој некогаш го имал.