Британец кој обожува брза храна и континуирано нарачува испорака дома, го затрупал својот мал изнајмен стан со повеќе од 1.000 кутии од храната. Откако механичарот се отселил, сопственикот Крис Долвинг се згрозил кога видел во каква состојба го оставил неговиот стан.
„Кутиите беа насекаде. Не можев да стигнам до кујната“ – рекол тој.
Се проценува дека неименуваниот станар потрошил повеќе од 7.000 евра за храна за време на неговото двегодишно живеење во станот.