Еден летонец неодамна бил убиен во кино за време на проекцијата на еден филм бидејќи прегласно јадел пуканки. Тој бил застрелан од од друг посетител кој за целото емитување на филмот бил на граница на нервите бидејќи човекот до него упорно крцкал.
Несреќниот човек чошол да го гледа филмот „Црниот Лебед“ во една кино сала во Рига, меѓутоа местото кое го одбрал го платил со својот живот. Сведоците на полицијата им изјавиле дека тој се скарал со некој друг посетител поради вревата која ја правел додека јадел. Пред крајот на филмот другиот човек извадил пиштол и го застрелал.