Американецот Денис Зиглин може да добие казна затвор од пет години и парична казна од 15 илјади долари бидејќи со три истрели од пиштол го убил својот папагал. Пензионерот од Мористаун, Њу Џерси, гледал телевизија кога птицата се вознемирил и почнала да му смета.
Изнервиран станал, го зел пиштолот и истрелал три пати во папагалот по име Мики. Сега ќе мора да одговара пред суд за свирепо однесување кон животните за кое дело може да му се изрече затворска казна од пет години. Бил пријавен на полицијата од сопругата која очигледно не можела да го прежали папагалот.