Анадел Карицалес возејќи се по патот во близина на Монтереј во Мексико, здогледал прекрасна блондинка како му мафта покрај патот, и мислел дека тоа му е навистина среќен ден. Застанал за да и помогне, но не и бил расипан автомобилот, како што мислел. Му рекла дека нејзиниот партнер го има на нишан. Зела суперлепак и му ги залепила рацете на воланот, па му ги украла кредитните картички.
-Човекот мислел дека му се посреќило, но останал без кредитни картички. Не ни кажа зошто застанал, но сигурно дека го интересирала убавата блондинка – изјавил портпаролот на полицијата.