Една 65-годишна холанѓанка го заклучила комуналниот работник во својот стан бидејќи отишол да и ја исклучи струјата поради неплатена сметка од 42 илјади евра. Жената упорно тврдела дека нема толкава сметка, па дури и повикала полиција.
Рекла дека сака да се договори за плаќање на рати пред да го ослободи работникот. Се обидела да ја контактира дистрибуцијата, но не успеала бидејќи веќе и ја исклучиле струјата. Работникот ја тужел. Од дистрибуцијата изјавиле дека нејзината сметка навистина е многу висока, но не објасниле поради која причина.