Дејвид Фарнхам го оставил 2 годишниот син, Џастин во автомобилот на паркинг од едно кино во Салт Лејк Сити и отишол да го гледа новиот филм со Бетмен.
Тревогата ја направил случаен минувач, а детето го ослободиле полицајци кои раскажале дека детето било препотено и расплакано. Прозорите во автомобилот биле затворени, а температурата преминувала 40 степени.
Полицијата ја прекинала проекцијата на филмот и го уапсила 23 годишниот татко, против кого е подигнато обвинение за злоставување на дете.