Американецот Том Вагнер, кој летал од Луизијана во посета на сестрата во Калифорнија, одлучил да дремне прд преместувањето во друг авион во Хјустон. И додека сите патници го напуштиле авионот, нему му било прекрасно во сонот. Кога се разбудил, сватил дека е во мрак, а во авионот немало никој, а тој бил заклучен. Ја повикал својата сестра и и рекол дека уште е во авионот, а таа потоа контактирала со компанијата Јунајтед Ерлајнс велејќи дека нејзиниот брат е „заробен“ во еден од нивните авиони. Том рекол дека кога ја повикал сестра си таа мислела дека е луд и дека лаже, а тој ја преколнувал да му верува.

Половина час откако ја повикала компанијата, вработените во аеродромот ја отвориле вратата и Том конечно го напуштил авионот. Компанијата нема да му го рефундира трошокот за билетот, но му дала хотелска соба да се одмори, како и ваучер од 250 долари да го заврши своето патување. Се извиниле и рекле дека истражуваат како дошло до оваа незгода.