Денијел Чонг, кој бил заборавен во затвор пет дена и бил приморан да ја пие сопствената урина како би преживеал, решил да ја тужи државата и да бара оштета од 20 милиони долари. Во тужбата навел дека после инцидентот имал проблеми со бубрезите и дека за малку не умрел заборавен во затворот. Неговиот адвокат додал дека Чонг толку огладнел, што изел бел прав од една торба која ја нашол во ќелијата, за кој се воспоставило дека всушност е метамфетамин. Адвокатот рекол дека Чонг размислувал на самоубиство, дека ги скршил очилата и со стаклото се обидел на раката да напише „Извини мама“.

Исто така проголтал неколку делови од скршеното стакло, при што дошло до оштетување на хранопроводникот. Последните два дена од пет, колку што вкупно минал заклучен во ќелијата, Чонг бил во целосен мрак, бидејќи сијалиците необјасниво се исклучиле. Даниел, кој е студент по електротехника на универзитетот во Калифорнија, рекол дека мислел дека се наоѓа на работ на смртта кога полицајците ја отвориле вратата и го пронашле.