Менди Хендс од Ковентри го заборавила својот единаесетгодишен внук во запалена куќа, додека ги спасиле своите четири кучиња. Кога видела дека во нејзината кујна избил пожар, кој брзо се проширил низ целиот кат, Менди го спасила својот најмал син, како и четирите кучиња.
Во нападот на паника заборавила дека во посета и била дојдена најстарата ќерка од Портсмут, која во моментот не била дома. На вториот кат спиел синот на нејзината ќерка. Се сетила дури откако ја запрашале дали има уште некој во куќата. За среќа пожарникарите успешно го спасиле младото момче.