На Британецот, кој пред 39 години му позајмил 5 фунти на еден Австралијанец, долгот му е целосно вратен и тоа со камата.

Џим Веб од Шефилд се изненадил кога на домашна адреса му пристигнала божиќна честитка во која имало 200 фунти. Испраќачот бил Гери Фентон, човекот на кој Веб му позајмил пари за карта за брод, кога во 1969 година се запознале во Остенд, Белгија.


Сега 72-годишниот Веб се присетил дека таа година патувал во Европа и дека во пристаништето во Остенд запознал млад Австралијанец кој немал доволно пари за враќање во Англија. Веб му ја позајмил потребната сума, а Фентон му ветил дека тие 5 фунти ќе му ги врати „кога ќе може“.

„Во писмото ми напиша дека ми испраќа 200 фунти, по 5 за секоја година од кога му ги позајмив парите“ – рекол Веб