Меѓу граѓаните на Нови Сад кружи видео снимка на која едно момче на скии врзано за автомобил скија по градските улици. Снимката трае неколку минути, а на неа јасно може да се види момчето со кацига на главата. Во еден момент ја извадил кацигата и мафнал кон камерата. Момчињата кои седат во автомобилот повремено го покажувале и покажувачот на брзината на автомобилот.
На крајот на снимката покажувал брзина од 100 километри на час. Момчето изјавило дека сакал добро да се забавува. Со пријателите се договорил на секои 30 километри на час да му даваат сигнал со светлата. Прво оделе полека, се додека не ја достигнале брзината од 100 километри на час. Новосадската полиција рекла дека не е информирана за случајот.