Жителите на Македонија денеска можеа да го видат затемнувањето на Сонцето кое траеше околу три часа. Врвот на првото од четирите затемнувања на сонцето што ќе се случат во 2011 година, кај нас беше околу 9.30 часот, по што сенката од Mесечината која го покриваше сончевиот диск полека почна да се намалува.


Го видовме првото од шетирите затемнувања на Сонцето оваа година

Најдобро затемнувањето на сонцето денеска го видоа жителите во северните краеви на Шведска каде Месечината покри речиси 90 отсто од површината на Сонцето.

OhridNews