Еден средовечен Британец тргнал храбро каде сеуште никој не бил. Го трансформирал станот од поранешната сопруга во реплика на вселенскиот брод Војаџер. Веќе осум години го претвора станот во бродот од омилената телевизиска серија. Се почнало како терпија од разводот со сопругата.
На почетокот го уредил станот како бродот Ентерпрајз од филмот снимен 1979 година, но бргу му здодеало па го прередил како Војаџер од серијата која се прикажувала во 90-тите години. Стаклата ги затемнил како да има поглед во вселената. Со целиот стан управува компјутер воден од неговиот глас. Сите детали ги изработил самиот. Вели дека уживал додека го уредувал станот.